Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поради расизам затворен дел од трибините на стадионот на Јувентус

/

пред 1279 дена

Сподели преку :

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Италија поради навреди изречени на расистичка основа донесе одлука дел од трибините на стадионот на Јувентус да бидат затворени на првиот следен натпревар на домашен терен против Наполи.

Санкцијата е изречена по инцидентот од Купот на Италија и дуелот против Интер кога најверните навивачи на Старата дама го навредуваа противничкиот играч Ромелу Лукаку.

За физичкиот напад врз голманот на Интер, Самир Хандановиќ, фудбалерот на Јувентус, Хуан Куадрадо доби казна за забрана на настап на три натпревари додека за учество во инцидентот голманот на гостите ќе мора да паузира на една средба.

ФОТО: Игор Паневски