Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Азаренка без пласман во четвртфиналето на турнирот во Чарлстон

/

пред 1276 дена

Сподели преку :

Познати се четвртфиналните двојки на ВТА турнирот што се одржува во Чарлстон.

Најголемото изненадување го направи Ана Калинскаја која во два сета со 6:4 и 7:6 триумфираше над шестата носителка Викторија Азаренка.

Фаворитката број 1, Џесика Пегула по голема борба со 2:1 по сетови 7:5, 4:6 и 6:4 славеше во соочувањето со Ирина Бегу, а второ рангираната Онс Жабер успеа да ја елиминира домашната тенисерка Каролин Долехајд.

Медисон Кис забележа победа во соочувањето со Магда Линет, Белинда Бенчиќ беше поуспешна од Шелби Роџерс, а настапот во Чарлстон го продолжуваат уште Паула Бадоса, Екатерина Александрова и Дарија Касаткина.

ФОТО: Игор Паневски