Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорчевска заедно со Словенката, Вероника Ерјавец триумфираше на ИТФ турнирот што се одржува во Сплит.
Македонско-словенечката комбинација во два сета со 6:1 и 6:4 славеше над Тара Вирт од Хрватска и Ника Радишиќ од Словенија.
Во финалето во поеднична конкуренција за трофејот ќе се соочат фаворитката број 4, Вирт и третата носителка Сара Бејлек од Чешка.
ФОТО: Игор Паневски











