Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија домаќин на европската елита на патеката во Матка ќе се одржи 54. ИКАС

/

пред 1277 дена

Сподели преку :

Викендов на патеката Матка ќе се одржи 54-тото издание на една од најстарите спортски натпреварувања не само во Македонија туку и Европа, Илинденскиот кајак слалом.

На патеката ќе се појават 150 натпреварувачи кои ќе настапат во дисциплините слалом и спуст. Како дел од годинешното издание на ИКАС ќе се одржи и првото натпреварување од Европскиот куп во спринт во кое учество ќе земат 54 учесници од шест земји.

Почетокот на трките в сабота кога на програмата се квалификациите во двете натпреварувања е закажан за 10 часот, а финалето на Европскиот куп почнува во 14 часот.

В недела ќе се одржат трките за трофејот на ИКАС. Полуфиналето почнува во 11 и натпреварувањето се очекува да заврши околу 14 часот.