Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките целат на победа против Украина во баражот за СП 2023

/

пред 1275 дена

Сподели преку :

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва од 19 часот ја пречекува Украина во првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство што кон крајот на оваа година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Ривалот можеби ја има фаворитската улога, но избраничките на селекторот Љубомир Савевски се подготвени да изненадат и да ја вратат Македонија на светската ракометна карта.

Ракометарките последен пат играа на едно Светско првенство во 2007 година  во Франција, кога завршивме на 12 место. Во меѓувреме постот од настапи на големите натпреварувања од цели 10 години го прекинавме со Европското првенство минатата есен, кога бевме еден од ко-домаќините заедно со Словенија и Црна Гора. Очекувано, не ја минавме групната фаза, бидејќи бевме во група со гиганти како Франција, Холандија и Романија, но девојките на Савевски собраа значително искуство на големата сцена.

Лекциите научени од Европското првенство треба да се применат на двомечот со Украина, која можеби во моментов е поквалитетна репрезентација, но не и непобедлива. На Македонија и треба добар прв натпревар со цел да има шанси на реваншот во вторник, што се игра во Кишварда, Унгарија поради военоиот конфилкт во Украина.

Ракометната федерација на Македонија вети и награда од 40.000 евра за девојките ако се пласираат на Светското првенство. Вечерва влезот во салата „Борис Трајковски“ ќе биде бесплатен за сите љубители на ракометот.