Скопје викендов беше домаќин на теквондо турнир на кој настапија натпреварувачи од 36 земји. На вториот ден најдобриот резултат го постигна Милена Рељиќ која во категоријата до 62 килограми успеа да го освои златниот медал забележувајќи три победи.
Македонскиот вицеолимписки шампион Дејан Георгиевски во финалето во својата категорија бепе поразен од турскиот репрезентативец Берат Демирдоглу.
ФОТО: Игор Паневски






























