Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЛА Клиперс стигна до петтото место и директен пласман во плеј оф

/

пред 1274 дена

Сподели преку :

Завршни првиот дел од сезоната во НБА лигата. Познати се сите тимови кои остануваат во трката за шампионската титула, а најзначајната победа ја забележа Лос Анџелес Клиперс кој славеше над Феникс со 119:114 што беше доволно за петтата позиција на Западот.

Норман Пауел мечот го заврши со 29 поени и пет скока, Расел Вестбрук впиша 25 поени и девет асистенции додека Каваи Ленард имаше 25 поени и 15 освоени топки.

Во поразениот тим Сабен Ли забележа 25 поени и 10 додавања додека Џок Лендејл додаде 15 поени и осум скока.

Директен пласман во разигрувањето обезбеди и Голден Стејт кој триумфираше во дуелот против Портланд до 157:101, а актуелниот шампион во првите 10 минути од натпреварот постигна скоро третина од вкупниот број на поени и по првата четвртина резултатот беше 55:27.

Стефон Кари имаше учинок од 26 поени и седум асистенции, Мозес Муди беше стрелец на 25 поени, а Клеј Томпсон постигна 20.

На спротивната страна Скајлар Мејс имаше 21 поен и 12 асистенции, а Џенејтан Вилијамс забележа 17 поени и четири скока.

Во останатите натпревари: Торонто – Милвоки 121:105, Денвер – Сакраменто 109:95, Далас – Сан Антонио 117:138, Минесота – Њу Орлеанс 113:108, Бостон – Атланта 120:114, Бруклин – Филаделфија 105:134, Кливленд – Шарлот 95:106, Мајами – Орландо 123:110, Њујорк – Индијана 136:141, Вашингтон – Хјустон 109:114, Чикаго – Детроит 103:81, Оклахома – 115:100 и ЛА Лејкерс 0 Јута 128:117.

ФОТО: Игор Паневски