Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вонреден инспекциски надзор на битолска гинекологија за смртта на новороденчето

/

пред 1274 дена

Сподели преку :

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) врши вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Битола, во врска со случајот со починатото новороденче, информираат од Министерството за здравство (МЗ).

Комисијата е излезена на терен и, како што соопштуваат од МЗ, во тек е надзор за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче. Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од МЗ.

Директорот на Клиничка болница Битола, доктор Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.

Инспекторите ја чешлаат битолската болница по смртта на новороденчето – директорот веќе ја поднел оставката