Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пелистер против домаќинот Домжале го почнува завршниот турнир во АБА2

/

пред 1272 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на Пелистер денеска од 18 часот се среќаваат со Хелиос Домжале во четвртфиналето на завршниот турнир во АБА2-лигата, што се одржува во Домжале, Словенија. Битолчани финишираа на осмото место по регуларниот дел од сезоната, па затоа во плејофот вкрстуваат со првопласираниот тим.

Тимот на Марјан Илиевски ќе бара да биде големо изненадување во разигрувањето, но задачата ќе биде исклучително тешка. Домаќинот на завршницата е во одлична форма сезонава, а голем проблем ќе биде и тоа што Пелистер ќе биде без тројца важни кошаркари. Битолчани се без двајцата Американци Донтеј Карутес и Кени Карпентер, како и Андреј Маслинко.

Словенците во регуларниот дел од сезоната имаа скор од 12 победи и само еден пораз од Подгорица, додека Пелистер имаше ефект од 7-6. Хелиос славеше со убедли 88-70 против Пелистер во пресметката во регуларниот дел од сезоната, а и лани славеа Словенците, кога со 85-81 го победија битолскиот состав.