Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува третиот, последен круг од процесот на продажба на Манчестер Јунајтед

/

пред 1274 дена

Сподели преку :

Процесот на продажбата на Манчестер Јунајтед влезе во третата, завршна фаза и сите заинтересирани може да достават нови понуди, а крајниот рок е 28 април.

Иако се уште нема никакви официјални информации во трката за нови сопственици на клубот од Олд Трафорд остануваат Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани и Џим Ретклиф.

Во моментов предност во преземањето на управувањето има катарскиот шеик кој останува на намерата да купи 100 проценти од акциите што е примарна цел и на актуелните сопственици, семејството Глејзер.

Британскиот милијардер Ретклиф има поскромна понуда и тој е подготвен да откупи мнозински пакет што значи дека заостанува во трката за преземање на дваесеткратниот шампион на Англија.

Се споменува дека во конкуренција има уште пет компании, но сите тие се далеку од исполнување на барањата на актуелниот сопственици на клубот.

Секој од заинтересираните до 28 овој месец може да достави нова, подобрена понуда и да остане во трката која се очекува да заврши некаде кон крајот на мај.

ФОТО: Игор Паневски