Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона руши рекорди во женскиот фудбал

/

пред 1274 дена

Сподели преку :

Ако во машкиот е далеку од европскиот врв, Барселона со сите сили се обидува да ја продолжи доминацијата во женскиот фудбал.

Според пишувањето на медиумите во Шпанија, Каталонците во текот на летото ќе испратат понуда до Лион за комплетирање на трансферот на Ада Хегерберг која пред пет години беше првата која ја освои Златната топка меѓу дамите.

Дваесет и седум годишната Норвежанка веќе седум години го носи дресот на Лион и во овој период на 198 натпревари постигна 212 гола.

Според неофицијални информации Барселона за предвремен раскин на договорот со Хегерберг на Лион ќе му плати обештетување од 450.000 евра што ќе биде нов рекорд во историјата на фудбалот во женска конкуренција.

Претходниот рекорд исто така е во сопственост на клубот од Каталонија кога за ангажирањето на англиската репрезентативка Кира Волш на Манчестер Сити му плати сума од 400.000 евра.

Патем Хегерберг доколку се пресели во Барселона ќе биде најдобро платена фудбалерка во историјата со годишни примања од 420.000 евра.

ФОТО: Игор Паневски