Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливерпул заинтересиран за Кваратскелија

/

пред 1273 дена

Сподели преку :

Само еден ден по најавата дека Ливерпул наводно се откажал од трката за Џуд Белингам, медиумите во Велика Британија пишуваат дека клубот од Енфилд сега се фокусира на евентуално комплетирање на трансферот на Квича Кваратскелија.

Дваесет и едно годишниот Грузиец веќе во првата сезона во дресот на Наполи покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа и веднаш го привлече вниманието на големите клубови од Стариот континент.

Кваратскелија со Наполи има договор до 2027 година, а претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис за предвремен раскин на договорот бара обештетување од 130 милиони евра, сума која е превисока за Ливерпул.

Покрај клубот од Енфилд интерес за Кваратскелија покажува и Реал Мадрид, кој исто така би сакал да го ангажира уште во текот на ова лето.

ФОТО: Игор Паневски