Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарките во вториот сад пред жрепката за квалификациите за ЕП

/

пред 1269 дена

Сподели преку :

Европската ракометна федерација го објави рангирањето по садови за претстојните квалификации за континенталниот шампионат во женска конкуренција што ќе се одржи во 2024 година.

Поради настапот на последното Европско првенство репрезентацијата на Македонија е поставена во вториот квалитативен сад и оваа шанса националниот тим мора да ја искористи и повторно да биде дел од едно големо натпреварување.

Македонските ракометарки се сместени во вториот сад заедно со Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Словачка и Исланд.

А според квалитетот на тимовите кои се сместени во третиот сад со поволна жрепка реално може да се надеваме на освојување на втората позиција.

Настап на следното Европско првенство обезбедуваат освојувачите на првите две позиции од секоја група како и четирите најдобри селекции кои квалификациите ги завршиле на третата позиција.

Жрепката ќе се одржи на 20 април во Цирих.

РАКОМЕТ ЕП ЖЕНИ – КВАЛИТАТИВНИ САДОВИ

САД 1: Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Црна Гора и Хрватска.

САД 2: МАКЕДОНИЈА, Романија, Словенија, Србија,  Полска, Чешка, Словачка и Исланд.

САД 3: Португалија, Украина, Турција, Италија, Фарски Острови, Литванија, Грција и Косово.

САД 4: Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Летонија, Азербејџан и Бугарија

 

ФОТО: Игор Паневски