Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Белингам прескап и за Манчестер Сити

/

пред 1271 дена

Сподели преку :

Како се ближи почетокот на летниот преоден рок од ден во ден се намалува бројот на клубови кои се подготвени да преговараат за трансферот на Џуд Белингам.

По Ливерпул уште еден член на Премиер лигата се повлекува од трката за ангажирање на младиот репрезентативец на Англија. Манчестер Сити најави дека нема намера да преговара со Борусија Дортмунд која и натаму не отстапува од 150-те милиони евра кои ги бара за предвремен раскин на договорот со Белингам.

Се уште актуелниот шампион на Англија својата одлука ја образлага со фактот дека обештетувањето е превисоко и дека нема намера да плаќа толку голема сума за еден играч. Сега во трката за една од ѕвездите на преодниот рок останува Реал Мадрид, кој исто така во еден момент објави дека е далеку од договор со Борусија, а од втор план ситуацијата ја следи Пари Сен Жермен, кој исто така сака да го види Белингам во своите редови.

ФОТО: Игор Паневски