Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар и Еурофарм Пелистер без проблеми до бодовите

/

пред 1268 дена

Сподели преку :

Денеска се на програмата беа три натпревари од 10. рунда во домашниот ракометен шампионат.

Во дуелот на двата тима на Еурофарм Пелистер, поуспешен беше првиот состав кој забележа победа од 31:26.

Вардар во соочувањето со градскиот ривал Бутел Скопје како гостин славеше со 30:24.

Во последниот меч во Охрид се водеше неизвесна битка за победа, а крајот домаќините успеаа да стигнат до трите бода совладувајќи го Тиквеш со 22:21.

Одиграни се и две средби од плеј аутот во Супер лигата. Струга забележа победа во дуелот против Прилеп со 21:19 додека Скопје славеше над Вардар Неготино со 33:28.

ФОТО: Игор Паневски