Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поповиќ во „Топ тема“: Предложените законски измени за договорот со „Бехтел&Енка“ регулираат исклучоци, а тоа само по себе е ризик од корупција

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

Прво, регулираат исклучоци, не доообјаснуваат, не доуредуваат. Тоа само по себе е ризик од корупција, рече Миша Поповиќ од Институтот за демократија во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, во врска со предложените измени на девет законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д, чија изградба е доверена на американско-турскиот конзорциум „Бехтел&Енка“.

„Регулирате некакви исклучоци, особено затоа што давате привилегија на некој со законско решение, низ исклучок наспроти други кои се исто така обврзани со законите“, изјави Поповиќ.

Договорот со „Бехтел&Енка“ крена многу прашина во јавноста од неговото откривање. Документот е обемен, напишан е на 400 страници, но детали се кријат од јавноста. Владата остана на ставот за анонимност на договорот, а премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека владата одлучила договорот со „Бехтел&Енка“ денеска да му биде предаден на обвинителството.

Ковачевски најави дека договорот со „Бехтел&Енка“ денеска ќе се испрати до обвинителството