Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сити и Халанд во преговори за нов договор

/

пред 1267 дена

Сподели преку :

Ерлинг Халанд иако потпиша договор со Манчестер сити минатото лето по трансферот од Борусија Дортмунд вреден 60 милиони евра, клубот е подготвен да му понуди нов договор.

Двете страни се веќе во сериозни преговори со цел да се отстрани откупната клаузула во неговиот договор од 150 милиони фунти што се активира во летото 2024 година. Сити не сака да остани ништо на случајот и ќе му понуди уште поголема плата од сегашните 375 илјади фунти неделно. Се шпекулира дека според новиот договор тој ќе инкасира 500.000 фунти неделно.

Интересно е тоа што Халанд има огромни бонуси во својот договор и сега практично заработува приближно до 900.000 фунти неделно со оглед на колку многу голови постигнува сезонава. Веќе зад своето име запиша 47 голови на 40 натпревари.