Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Легендата на Бетис објави дека се пензионира по 23 години фудбалска кариера

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

Хоакин Санчез Родригез денеска објави дека по завршувањето на сезоната се повлекува од активното играње фудбал по неверојатни 23 сезони. Шпанскиот фудбалер има 41 година, а најголем дел од својата кариера мина во матичниот клуб Бетис.

Крилниот напаѓач дебитираше за овој клуб во 2000 година, каде се задржа до 2006 година пред да премине во Валенсија. По пет сезони на „Месталја“ играше две години за Малага и исто толку за Фиорентина во Италија. Од 2015 година повторно е во Бетис.

По одиграни 839 натпревари и 112 голови, конечно реши дека е време за пензионирање. За Шпанија настапи на 51 натпревар и постигна четири голови.