Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тебас: Барселона моментално не може да си го дозволи Меси

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

Лионел Меси е на излезна врата од ПСЖ, а шпекулациите велат дека тој сака да се врати во Барселона и во овој клуб да ја заврши кариерата.

Денеска се огласи претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој вели дека клубот моментално не може да си го дозволи Меси поради финансиските ограничувања.

„Барселона мора да направи многу финансиски мерки за да може да го регистрира Меси во Ла Лига. Ќе треба многу напор за да го оствари тоа. Денеска неговиот потпис не е возможен, но има време до лето, Барса и натаму може да направи одредени потези за да го доведе Лео на ‘Камп Ноу’“, изјави Тебас.

Аргентинецот одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, што му истекува ова лето, па навивачите на Барселона се недеваат на негов кам-бек во каталонскиот клуб.