Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бензема уште една година во Реал Мадрид

/

пред 1266 дена

Сподели преку :

Карим Бензема го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона, односно до јуни 2024 година, објавува шпанскиот весник „АС“.

Актуелната соработка на Французинот со „кралевите“ истекува ова лето, но голгетерот и следната сезона ќе го носи белиот дрес.

Бензема лани ја доби „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер по фантастичната сезона, но и оваа година игра на високо ниво, само што за разлика од претходната сега е почесто повреден. Во Ла Лига има 14 голов на 19 натпревари, а во Лигата на шампиони четири погодоци на осум натпревари.