Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трипл-дабл на Јокиќ: Денвер е на една победа до чистка против Минесота (ВИДЕО)

/

пред 1262 дена

Сподели преку :

Денвер поведе со 3-0 против Минесота во првата рунда од плеј-офот во НБА-лигата откако утринава славеше на гостински паркет со 120-111. Никола Јокиќ стигна до својот седми трипл-дабл во кариерата во плеј-офот со 20 поени, 11 скока и 12 асистенции. Мајкл Портер Јуниор придодаде 25 поени, а кај Тимбервулфс најдобар беше Ентони Едвардс со 36 поени.

Атланта го искористи домашниот паркет за да слави со 130-122 против Бостон и да намали на 2-1. Тре Јанг ги водеше Хоукс со 32 поени, додека во редовите на Селтикс најдобар беше Џејсон Тејтум со 29 поени и 10 скока.

Њујорк поведе со 2-1 против Кливленд по триумфот од 99-79 во „Медисон сквер гарден“. Џејлен Брансон со 21 поен и Ар Џеј Барет со 19 ги предводеа Никс, додека кај Кавалирс најдобар беше Донован Мичел со 22 поени.