Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓоковиќ се повлече од настап на мастерсот во Мадрид

/

пред 1261 дена

Сподели преку :

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ нема да настапи на претстојниот мастерс турнир во Мадрид. Србинот очигледно има проблеми со повреда, а тоа го потврдува и фактот што доживеа две рани елимининации во Монте Карло и Бања Лука.

Организаторите на мастерсот во Мадрид потврдија дека Ѓоковиќ ќе го прескокне турнирот поради повреда на лактот. Најдобриот светски тенисер играше доста слабо на стартот на сезоната на земјена подлога. Испадна во осминафиналето во Монте Карло, а вчера беше елиминиран во четвртфиналето во Бања Лука од сонародникот Душан Лајовиќ. Очигледно беше дека Ѓоковиќ не е на своето препознатливо ниво поради проблеми со лактот.

Мастерсот во Мадрид стартува на 26 април, каде Ѓоковиќ е трикратен шампион. Се очекува Србинот да биде подготвен за настап на следниот мастерс во Рим, што почнува веднаш по Мадрид, поточно на 10 мај.