Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почна ли да тече рокот за плаќање пенали на „Бехтел&Енка“? Министерот Бочварски вели апсолвирано е прашањето за милионските пенали, досега не е исплатено ништо, ниту пак е побарано да се плати

/

пред 1276 дена

Сподели преку :

На прашањето дали почна да тече рокот за исплата на пенали на „Бехтел&Енка“, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски вели дека до сега ништо не е платено, ниту пак компанијата побарала да се плати, а не е реализиран ниту авансот.

„Што се однесува до исплатата на средствата, досега не се исплатени средства кон компанијата. Првата исплата на средства би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар кој ќе биде од страна на Владата и државата кон ЈПДП, а потоа и кон изведувачот и ќе биде објавен на сајтот на јавни финансии, рече Бочварски.

-За прашањето за пеналите го апсолвиравме и одговоривме, а ви кажав дека немаме исплатено ниту средства за авансот се уште. Така што, во однос на ова прашање ви дадов одговот, изјави министерот Бочварски.

Владата мора да плати казна од 53 милиони евра на Бехтел и Енкас затоа што за 45 дена, од кога   е потпишан договорот за изградба на коридорите 8 и 10, не бил одобрен законот за работни односи, и работната недела не е зголемена од 40 часа до 60 часа., тврди првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој додава дека доколку  законот и натаму не се усвои, тогаш Владата секој месец ќе  плаќа над 2 милиони евра дополнителни казни на конзорциумот.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ обелодени уште еден дел од договорот со „Бехтел&Енка“, според кој автопатите ќе можат да се градат без одобрение за градба.