Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минесота се спаси од чистка против Денвер: Бостон и Њујорк на чекор до следната рунда

/

пред 1260 дена

Сподели преку :

Минесота се избори барем за уште еден натпревар со Денвер во плејофот во НБА-лигата откако утринава со 114-108 славеше по едно продолжение за да намали на 3-1 во меѓусебната серија.

Ентони Едвардс блескаше за Тимбервулфс со 34 поени, додека Карл Ентони Таунс имаше 17 поени и 11 скока. Никола Јокиќ беше најдобар во тимот на Нагетс со 43 поени, 11 скока и шест асистенции.

Џејлен Браун и Џејсон Тејтум постигнаа по 31 поен за да го одведат Бостон на една победа до полуфиналето на Источната конференција. Селтикс победија со 129-121 на гостувањето кај Атланта за водство од 3-1 во меѓусебната серија.

Истата предност ја има и Њујорк, кој со 102-93 на свој паркет го победи Кливленд. Џејлен Брансон постигна 29 поени, а Ар Џеј Барет имаше 26 за Никс.

Шампионот Голден Стејт го израмни резултатот на 2-2 против Сакраменто по тесната победа од 126-125 на домашен терен. Стеф Кари имаше 32 поени, Клеј Томсон 26, а Џордан Пул 22 поени. Кај Кингс најдобар беше Деарон Фокс со 38 поени.