Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Груби со уверување до бизнисмените дека владата не ги исклучила од игра за коридорите

/

пред 1268 дена

Сподели преку :

Бизнис секторот прашуваше, првиот вицепремиер Артан Груби и неговите колеги од Владата одговараа и уверуваа дека домашните компании ќе профитираат од проектот за изградба на Коридорите 8 и 10-д.

Зошто не е консултирана бизнис заедницата, зошто се прибегнува кон скратена постапка за законски измени и каде се македонските компании во овој проект беа дел од прашањата на Стопанската комора.

Според вицепрмиерот се е јавно но немало интерес. Тој кажа дека над 40 компании веќе контактирале со конзорциумот „Бехтел и Енка“ кои имаат веќе отворено канцеларии во Скопје.

За бизнис заедницата е нејасно зошто учеството на домашните компании и ресусрси е ограничено на најмалку 51 отсто.

Според Груби Владата се обидува да издејствува што е можно поголемо учество на домашни компании што е можно поголем дел од колачот од 1,3 милијарди евра.

За бизнисмените се нејсни и одредбите за ослободување од давачките и зошто тоа не важи за сите а не само за овој проект и како ќе се адаптираат платите по завршувањето на проектот со оглед дека судејќи по првичните огласи кои ги распиша ЈПДП за вработување.

Кога станува збор за законските измени по скратена постапка Груби кажа дека тие не се на барање на „Бехтел и Енка“ и дека се изготвени по консултации на пратениците со нивни колеги од држави каде што имало слични проекти или пак бил ангажиран овој конзорциум.

Антикорупциската комисија чии членови имаат безбедносни сертификати за класифицирани информации сеуште го чека договорот со „Бехтел и Енка“.

Од Антикорупциската комисија уште една апелираа да не се користи скратената постапка за носење на законски измени и најавија дека ги следат огласите за вработување кои се поврзани со изградбата на Коридорите.

Бизнис секторот имаше конкретно прашање до Груби околу одлуката за прогласување на недела за неработен дена на што тој одговори дека е на нивна страна и е неопходно да се направат законски измени но таа одлука мора да биде консензуална во Владата и Собранието.

Огнен Чанчаревиќ