Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Натпреварот Наполи – АЗ ќе биде одложен?

/

пред 2174 дена

Сподели преку :

Новата сезона во Лига Европа ќе почне в четврток, но УЕФА уште на самиот старт се соочува со проблеми кои ги создава влошената епидемиолошката состојба на Стариот континент.

Во пресрет на дуелот меѓу Наполи и АЗ Алкмар дури девет члена на тимот од Холандија се позитивни на Ковид-19, шестмина се фудбалери од кои четири се дел од првиот тим.

Токму поради овој податок неизвесно е одигрувањето на натпреварот од Лига Европа бидејќи властите во Неапол не дозволуваат го градот да пристигне екипата од Холандија.

“Потребно е сите да се однесуваат одговорно. Фудбалерите на АЗ Алкмар треба да бидат во карантин, а натпреварот да се одложи. Градските власти не може да реагираат, но тука треба да се огласат локалните здравствени авторитети. Треба да мислиме на последиците доколку овој натпревар се одигра”, изјави членот на градското собрание Чиро Борнело.

Покрај Наполи и АЗ Алкмар во групата се натпреваруваат уште Ријека и Реал Сосиедад.