Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Два позитивни резултати на Џиро, трката нема да се прекине

/

пред 2174 дена

Сподели преку :

По последното тестирање на натпреварувачите, а во пресрет на завршните етапи од велосипедската трка околу Италија, двајца учесници се позитивни на Ковид-19.

Организаторот во моментов не ги соопштува имињата на велосипедистите, а станува збор за членови на тимовите УАЕ Емирејтс и АГ2Р и тие во следните 10 дена ќе бидат сместени во изолација.

Ова е втор пат да се објават позитивни резултати на Ковид-19 откако во текот на минатата недела беше доведено во прашање продолжението на трката бидејќи поради присуство на коронавирусот од натпреварувањето беа отстранети неколку велосипедисти од тимовите Мичелтон Скот и Џамбо Визма.

На 18 и 19 овој месец беше организирано последното тестирање, а од вкупно 492 примероци позитивни се само два.

На трката околу Италија вчера беше слободен ден, а денеска на програмата е 16-тата етапа што се вози од Удине до Сан Даниеле дел Фриули.