Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ливаковиќ ќе го менува Де Хеа на голот на Манчестер јунајтед

/

пред 1260 дена

Сподели преку :

Манчестер јунајтед најверојатно нема да ја продолжи соработката со голманот Давид де Хеа по завршувањето на оваа сезона и ќе му биде дозволено да си замине како слободен агент.

Шпанецот го брани голот на „Олд Трафорд“ уште од 2011 година и во многу сезони беше прогласуван за најдобар играч на клубот, но тој не се снаоѓа добро под водство на менаџерот Ерик тен Хаг, кој бара голманите да играат добро со нога.

Хрватските и англиските медиуми велат дека Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб ќе биде замената за Де Хеа во Манчестер јунајтед. Премиерлигашот е подготвен да го плати обештетувањето од само 10 милиони евра за да го доведе хрватскиот репрезентативец во своите редови летово.

Ливаковиќ седум години е на голот на „модрите“, а блесна на Светското првенство во Катар, кога можеби беше најдобриот голман на турнирот крај Емилијано Мартинез од Аргентина.