Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Покетино има вербален договор со Челси

/

пред 1260 дена

Сподели преку :

Маурисио Покетино најверојатно ќе биде следниот менаџер на Челси. Аргентинецот во понеделникот имал разговори со челниците на „сините“ и според шпекулациите, паднал вербален договор помеѓу двете страни.

Се очекува многу наскоро соработката да се официјализира и Аргентинецот да седне на клупата на „Стемфорд Бриџ“ од 1.јули годинава.

Покетино во Премиерлигата претходно работеше во Саутемптон и Тотнем, а потоа беше 18 месеци на кормилото на ПСЖ.

Челси е во тотален хаос сезонава, па откако ги отпушти Томас Тухел и Греем Потер, го назначи Френк Лампард за привремен менаџер до крајот на сезоната.