Со изведба на музичко-драмски перформанс „Рокенролот на Горан Стефановски“ во режија на Јордан Симонов, кој вклучува извадоци од театарската претстава „Лонг плеј“, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало беше одбележан роденденот на драматуршкиот маг Горан Стефановски, кој е воедно и текстописец на повеќе песни на култната група „Леб и сол“.
Во перформансот настапија актерот Александар Микиќ и музичарите Мирко Попов, Дина Јашари, Марија Каева и Владан Дробицки.











