Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колку пари се веќе префрлени кон „Бехтел и Енка“ – владините претставници молчат, Мицкоски тврди дека станува збор за 120 милиони евра

/

пред 1271 дена

Сподели преку :

Додека јавноста се уште жестоко дебатира за договорот, првата сума на пари веќе се одлеа од Државниот трезор кај „Бехтел и Енка“.

Откако опозицискиот лидер обелодени дека уште пред два дена, преку министерството за Транспорт и врски се префрлени пари кон ЈПДП, премиерот призна дека почнала исплатата.

Ниту Ковачевски, ни  директорот на Јавното претпријатие не кажаа за колкава сума е трезорот попразен.

Сумата и во денари и во евра тврди дека ја знае опозицискиот лидер.

Од оваа партија денеска реагираа и на вчерашната изјава на претседателот на Собранието дека на пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат нема да им бидат дадени примероци од договорот, туку ќе им биде презентиран од владини претставници. Пратеникот Милошоски рече дека, „според уставот и законот за класифицирани информации, пратениците со безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „Државна тајна“, а не владини министри да им го  прераскажуваат“.

Кога и пред која комисија ќе биде таа презентација, ќе се договара по празникот.

Далиборка Демјанска Цветановска