Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарите квалификациите за ОИ ги почнуваат во Полска или Естонија

/

пред 1255 дена

Сподели преку :

Во пресрет на жрепката за првата фаза од квалификациите за Олимписките игри што следната година ќе се одржат во Париз, македонската кошаркарска репрезентација е поставена во осмиот последен квалитативен сад.

Покрај Македонија во оваа конкуренција е и селекцијата на Португалија, а според правилата за одредување на групите веќе е познато дека можни противниците од првиот и петтиот сад ни се Полска и Естонија што значи дека нашата репрезентацијата ќе биде дел од турнирите што ќе се одиграат во овие две земји и тоа во Гливице и Талин.

Покрај овие две селекции можни противници ни се Чешка или Полска од носителите, Израел или Босна и Херцеговина од четвртиот ранг и репрезентацијата на Естонија.

Националните тимови ќе бидат поделени во четири групи по четири, а настапот во квалификациите го продолжуваат победниците во сите конкуренции.

Турнирите ќе се играат во периодот од 12 до 20 август, а домаќин на двете останати групи е Турција и натпреварите ќе одиграат во Истанбул.