Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТФТ домаќин на Еуро Никел, Работнички гостува во Гостивар

/

пред 1254 дена

Сподели преку :

Разигрувањето за шампионската титула во кошаркарското првенство на Македонија се отвора со два натпревари.

Освојувачот на третото место по завршувањето на лигашкиот дел ТФТ вечерва во салата на СРЦ Кале е домаќин на Еуро Никел и ќе се обиде да ја забележи првата победа во серијата подобар од три.

Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот, а во истиот термин во Гостивар, домашниот тим за противник го има Работнички.

Останатите четвртфинални дуели се играат утре. Од 18:30 часот во Битола, Пелистер го пречекува Феникс додека половина час подоцна почнува средбата меѓу МЗТ Скопје и Кожув.

ФОТО: Игор Паневски