Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ракометарите го потврдуваат пласманот на ЕП

/

пред 1253 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево од 18 часот против селекцијата на Турција ќе го одигра последниот натпревар во овој циклус на квалификации за Европскиот шампионат.

Со триумф во овој дуел составот на селекторот Кирил Лазаров ќе го потврди второто место и обезбедува ново учество на големите натпреварувања.

Покрај фактот дека го играме мечот за освојување на втората позиција на овој дуел од дресот во националниот тим ќе се прости Гоце Георгиевски кој во изминативе години постојано беше дел од селекцијата која беше редовен учесник на Светските и Европските првенства.

Натпреварот се игра во Скопје, а цената на билетите за влез во арената Борис Трајковски изнесува 100 денари.

ФОТО: Игор Паневски