Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манчестер Јунајтед бара потекло на богатството на понудувачите

/

пред 1256 дена

Сподели преку :

Шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани и британскиот милијардер Џим Ретклиф ги поднесоа последните понуди за преземање на Манчестер Јунајтед, но во следните денови ќе мора да достават дополнителна документација.

Компанијата Рејн која го води процесот на продажба на клубот од двете заинтересирани страни побарало доказ за потекло нивното богатство, но и дополнителна документација за нивните планови врзани при евентуално преземање.

Според последните најави првите извештаи се очекуваат во текот на следната недела, а конечната одлука за евентуалното продавање на Манчестер Јунајтед ќе биде позната кон крајот следниот месец. Катарците во понудата сакаат да ги откупат сите акции на клубот со најава за дополнителни инвестиции додека Ретклиф е заинтересиран за откуп на мнозинскиот пакет од преку 50 проценти додека 20 отсто ќе останат во сопственост на семејството Глејзер, поточно на браќата Џоел и Аврам кои единствени не се согласуваат со продажбата.

Понудата на Ал Тани изнесува нешто повеќе од пет милијарди фунти додека семејството Глејзер не отстапува од намерата клубот да се продаде за сум од шест милијарди фунти.

ФОТО: Игор Паневски