Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонија ги доби противниците во претквалификациите за ОИ

/

пред 1252 дена

Сподели преку :

Познати се ривалите со кои македонската машка кошаркарска репрезентација ќе се соочи во претквалификациите за пласман на Летните олимписки игри што ќе се одржат следната година во Париз.

Во пресрет на жрепката беше јасно дека во оваа фаза нема да имаме лесни противници и во првиот круг од циклусот ќе се соочиме со селекциите на Естонија, Чешка и Израел, а натпреварите во периодот од 12 до 20 август ќе се играат во Талин.

Во Б конкуренцијата што ќе се игра во Гливице, покрај домаќинот Полска ќе настапат уште репрезентациите на Португалија, Унгарија и Босна и Херцеговина.

Турција, Украина, Бугарија и Исланд се дел од групата Ц додека во Д конкуренцијата која исто така ќе се игра во Истанбул настапуваат Холандија, Хрватска, Белгија и Шведска.

ФОТО: Игор Паневски