Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вокер не сака да си оди од Сити

/

пред 1255 дена

Сподели преку :

Британските медиуми неодамна најавија дека англискиот репрезентативец Кајл Вокер ќе доби дозвола да си замине од Манчестер Сити, а се шпекулираше и можните следни дестинации во неговата кариера.

Неофицијално интерес за 32-годишниот дефанзивец покажале Милан и Астон Вила и дека тој во следниов период ќе донесе одлука каде продолжи.

Сепак денеска се појави информација во која се тврди дека Вокер нема намера да си замине од Манчестер Сити и дека во клубот ќе остане до крајот на договорот кој завршува во јуни следната година.

Неофицијално една од главните причини поради која Вокер сака и натаму да биде дел од Манчестер Сити е неделната плата од 170.000 евра, сума која не може да добие при евентуален трансфер во некој од двата заинтересирани клуба.

Токму платата е и една од причините зошто Сити сака да ја прекине соработката и со дополнителниот простор во буџетот може да доведе соодветна замена која во клубот би останала на подолг рог.

ФОТО: Игор Паневски