Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крстевски: Силна група која ќе ни овозможи добри подготовки за квалификациите за ЕП

/

пред 1252 дена

Сподели преку :

Чешка, Израел и домаќинот на групата Естонија се противниците на Македонија во претквалификациите за настап на Олимписките игри што ќе се одржат следната година во Париз.

“Можевме да поминеме и подобро во ждрепката. Добивме силни, квалитетни противници. Еден од нив е домаќинот на турнирот во Талин, селекцијата на Естонија. Но уште поголем квалитет се и Чешка и Израел, постојани учесници на Евробаскетот. Наша цел на турнирот ќе биде да направиме добра подготовка за она што не чека во евроквалификациите. Да се воиграме уште подобро за новиот циклус во кој се бара место на Евробаскетот”, изјави членот на македонската репрезентација, Бојан Крстевски.

Претквалификациите во А групата ќе се играат во естонската престолнина Талин во периодот од 12 до 20 август.

ФОТО: Игор Паневски