Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денвер поведе со 2:0, Филаделфија славеше во Бостон

/

пред 1252 дена

Сподели преку :

По победата од 97:87 кошаркарите на Денвер максимално ја искористи предноста на домашниот терен и во полуфиналната серија на Западот поведе против Феникс со 2:0.

Никола Јокиќ мечот го заврши со 39 поени, 16 скока и пет асистенции, Арон Гордон беше стрелец на 16 поени додека Кентавиус Калдвел Поуп впиша 14 поени и пет освоени топки под обрачите.

Во поразениот тим Девин Букер забележа 35 поени и шест додавања, а Кевин Дурент додаде 24 поени и осум скока.

Филаделфија како гостин го совлада Бостон со 119:115 и во серијата подобар од седум поведе со 1:0.

Во отсуство на првата ѕвезда Џоел Ембид, Џејмс Харден имаше учинок од 45 поени и шест асистенции, Де’Антони Мелтон постигна 17, а Тобајас Херис 18 поени.

На спротивната страна Џејсон Тејтум имаше 39 поени и 11 скока, Џејлен Браун забележа 23 поени и шест освоени топки додека Малколм Брогдон беше стрелец на 20 поени.

Вечерва се игра второто полуфинале на Истокот меѓу Њујорк и Мајами додека во Западната конференција почнува серијата во која бранителот на трофејот Голден Стејт за противник го има Лос Анџелес Лејкерс.