Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бернардо Силва слободен за 75 милиони фунти

/

пред 1254 дена

Сподели преку :

Португалскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити, Бернардо Силва втор летен преоден рок во низа најавува дека сака да ја смени средината.

Првакот на Англија и овој пат е подготвен да преговара за комплетирање на трансферот и веќе ја одреди цената која неговиот иден клуб мора да плати за негово ангажирање.

Манчестер Сити објави дека висината на обештетувањето за Бернардо Силва изнесува 75 милиони фунти и дека нема намера да преговара за евентуално намалување.

Португалецот со Сити има договор до 2025 година и со евентуална продажба сака да обезбеди буџет за ангажирање на нови имиња.

До неодамна интерес за 27-годишниот фудбалер од средниот ред покажа Барселона, која сепак не може да го плати бараното обештетување и се чини дека единствен кој останува во конкуренција е Пари Сен Жермен.

ФОТО: Игор Паневски