Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се полни и модуларната болница пред Инфективна

/

пред 2173 дена

Сподели преку :

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ изјави дека веќе се полнат капацитетите на модуларната болница до Инфективната клиника, односно дека веќе има 15 места од вкупно 71 колку што е капацитетот.

Стевановиќ уште еднаш апелираше на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, а воедно апелираше сите оние кои се асиптоматски случаи да не доаѓаат на Инфективна, туку да се лекуваат согласно препораките на матичен лекар.

Венко Филипче вчера во изјава за медиумите напомена дека откако ќе се потполнат капацитетите, ќе биде прогласен полициски час во земјата.