Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови 100 лица ќе даваат крв по вчерашниот масакр – и утрово редица во Институтот за трансфузиологија на Србија

/

пред 1265 дена

Сподели преку :

И утрово се формира редица во Институтот за трансфузиологија на Србија. Околу 100 лица се појавија да дадат крв по вчерашната трагедија во основно училиште во Белград. Вчера во Институтот се чекаше по 45 минути за дарување на крв, по веста дека се неопходни дополнителни единици, иако вработените порачаа дека располагаат со доволно количини.

Потоа се појавија информациии за недостиг на негативна нулта крвна група која најмногу се троши во ситуации на масовни трансфузии.

„Во прашање е една крвна група која може да се примени кај сите и затоа е важно да имаме доволно резерви и благовремено да реагираме“, истакнаа од Институтот за трансфузиологија на Србија.

Според официјални податоци, вкупно 479 белграѓани дадоа крв во текот на вчерашниот ден во Институтот за трансфузиологија, односно дека се собрани 689 единици на крв.

Осум ученици и вработен во обезбедувањето беа убиени во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Нивни соученик пукаше во ученици, во учителка и во обезбедувањето. Во пукотницата се повредени шест деца и еден наставник.