Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Стиховите од “Дениција” на Петре М. Андреевски ќе го оплеменат Собранието за денот на Македонскиот јазик

/

пред 1252 дена

Сподели преку :

Фасадата на зградата на Собранието за 5-ти мај ќе биде основа за најубавите поетски стихови и прозни мисли напишани на македонски јазик.

На денешната генерална проба можеа да се прочитаат стиховите на Петре М. Андреевски

„Кога ја љубев Дениција,

како да учествува во создавањето

на првата македонска држава“.

Стиховите се дел од антологиската збирка песни „Дениција“ на Андреевски која во културното наследство е запаметена како едно од најубавите дела посветени на љубовта, а напишани на македонски јазик.

5-ти мај е ден на македонскиот јазик, а Собранието е една од локациите која ќе служи за промоција на најпознатите стихови и мисли  создадени на македонски во чест на овој ден.