Првиот ден од викендот во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 12, а максималната од 18 до 26°C.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.
Информации од ова утро: 5.5.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
1 Лазарополе, Попова Шапка, 4 Маврови Анови, Берово, Крушево, 7 Тетово, Крива Паланка, Штип, 8 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп, Куманово, 9 Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Демир Капија, 12 Дојран, Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
5 Штип, 3 Берово, 2 Струмица, Гевгелија, Ѓуриште, Виница, 1 Прилеп, Куманово, Тетово, Крива Паланка, Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











