Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)Во Србија од денеска започнува доброволното предавање на нелегалното оружје, коешто ќе трае до 8. јуни

/

пред 1261 дена

Сподели преку :

Двата масакри кои се случија изминатава недела се страшна трагедија и мора да донесеме остри мерки порача српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој рече дека се плаши од имитатори, по масовното убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ и ги повика граѓаните да го предадат нерегистрираното оружје, ветувајќи дека нема да има последици по нив доколку тоа го сторат до 8 јуни.

Клучната мерка, како што кажа, е тоа што ќе има полицајци во сите училишта, а ќе биде зголемен и бројот на педагози и психолози.

Неговите проценки се дека присуството на полицијата ќе го намали нивото на врсничко насилство во училиштата за 70 до 80 отсто.

Меѓувреме како шти најави ќе се намалува и бројот на легално оружје од 90 отсто, а ваквата мерка нема да важи за ловечко оружје туку за оружја кои се користат во ликвидации.

Првите мерки на властите во Србија по масовните убиства од утре стапуваат на сила