Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пронајдени двете девојчиња од струмичко кои се изгубија во Скопје – полицијата ги најде кај стара Рампа

/

пред 1260 дена

Сподели преку :

Двете девојчиња од струмичкото село Петралинци, едното на возраст од 12, а другото на 14 години, кои вчера околу 16 часот се изгубија во близината на Веро Џамбо во центарот на Скопје, се пронајдени доцна синоќа.

Веста ја соопшти мајката на едно од нив која им се заблагодари на сите што се ангажирале на каков било начин во нивното пронаоѓање.

Двете деца биле пронајдени во близина на стара Рампа, кај населбата Кисела Вода.

Претходно исчезнувањето на девојчињата го пријавила нивната наставничка која ги водела на еднодневна екскурзија во Скопје во посета на Саемот на книга, а пред да бидат пријавени како изгубени последен пат беа видени околу трговскиот центар Веро Џамбо во центарот на градот.

Информацијата масовно се прошири и на социјалните мрежи, а од МВР утринава ја потврдија веста дека децата се пронајдени  околу 23.50 часот вечерта.