Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Можно унгарско финале во женската Лига на шампиони

/

пред 1244 дена

Сподели преку :

На денешната жрепка што се одржа во Будимпешта одредени се полуфиналните двојки на завршниот турнир во ракометната Лига на шампионки што се одржи во унгарската престолнина на трети и четврти јуни.

Жрепката одреди во полуфиналето да се избегнат домашните претставници и постои реална можност во битката за трофејот да се соочат два унгарски тима.

Во првото полуфинале Ѓер за противник го има Вајперс Кристијансанд додека во вториот натпревар ќе се сретнат Ференцварош и Есбјерг.

Првиот полуфинален меч ќе се игра на трети следниот месец со почеток од 15 часот и 15 минути додека вториот дуел е на програмата од 18 часот.

Во истите термини следниот ќе се одиграат натпреварите за пласман, а завршниот турнир ќе се игра во МВМ Дом во Будимпешта.

ФОТО: Игор Паневски