Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски и Ѓорческа успешни на настапите на ИТФ турнирите

/

пред 1243 дена

Сподели преку :

Лина Ѓорческа успеаа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Загреб додека Калин Ивановски обезбеди пласман во второто коло.

Ѓорческа направи огромно изненадување во Загреб и триумфираше во мечот против четвртата носителка Хедер Вотсон од Велика Британија совладувајќи ја со 6:7, 6:4 и 7:6 во меч што траеше точно три часа.

Нашата најдобра тенисерка за место во полуфиналето ќе бори против Ела Зајдел од Германија која место на турнирот обезбеди по успешно минатите квалификации.

Ивановски успешно ја мина првата пречка на ИТФ турнирот што се одржува во Куршумлиска бања. Нашиот најдобар тенисер во првото коло во три сета со 3:6, 6:3 и 6:4 славеше над Србинот, Виктор Јовиќ.

Противник во второто коло ќе му биде шестиот носител Тимо Лежо од Франција кој во првиот настап триумфираше над Микаил Халак со 6:2 и 7:6.

На турнирот во Србија настапи и нашиот втор претставник, Горазд Србљак кој во соочувањето со Аргентинецот, Хуан Пабло Паз е поразен со 6:1 и 6:2.

ФОТО: Игор Паневски