На повеќе места ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови претежно во северните делови на земјата на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде во интервал од 5 до 10°C, а дневната од 15 до 21°C.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, Крушево, 6 Маврови Анови, 8 Крива Паланка, Берово, Претор, Прилеп, 9 Битола, 10 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Виница, Охрид, Куманово, 11 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Дебар, 12 Гевгелија, Демир Капија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
10 Пожаране, 7 Попова Шапка, 5 Тетово, 4 Маврови Анови, Дебар, 3 Лазарополе, 2 Охрид, Крушево, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo











