Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Везенков најдобар стрелец во Евролигата

/

пред 1242 дена

Сподели преку :

Кошаркарот на Олимпијакос, Александар Везенков ја освои наградата Алфонсо Форд што секоја сезона му се доделува на најдобриот стрелец во Евролигата.

Бугарскиот репрезентативец на 38 настапи во елитното натпреварување имаше просек од 17,2 поени и еден од најзаслужите за пласманот на Олимпијакос на завршниот турнир што ќе се одржи во Каунас.

Веднаш за Везенков е бекот на Макаби, Вејд Болдвин со просек од 17.1 поен додека на третото место е Вил Клејбурн од Анадолу Ефес со 16,7 поени по натпревар.

Везенков е вкупно 14. кошаркар што го освојува престижното признание и го носи името на Алфонсо Форд кој беше еден од најдобрите стрелци во историјата на Евролигата, а почина по тешко боледување во 2004 година.

ФОТО: Игор Паневски